Пролетна крос трка, за учениците од основните и од средното училиште во Берово

Извонредно прекрасен пролетен ден и пролетен крос, денеска имавме на градскиот стадион во Берово, каде што како дел од активностите за развој и подршка на спортот во Општина Берово, во соработка со двете основни и средното училиште во Берово, организиравме Пролетна трка.
Се натпреваруваа голем број ученици, од основните и од средното училиште во повеќе категории.
На трката учествуваа учениците од ООУ “Дедо Иљо Малешевски“ – Берово, ООУ “Никола Петров Русински“ – Русиново и ОСУ “Ацо Русковски“ – Берово.
Првите места им припаднаа на следниве ученици:
Категорија ученици од 1 одделение 50/70 метри:
*девојчиња
1.Ирина Руменовска
2.Ивона Миовска
3.Бојана Петровска
*момчиња
1.Даријан Џингарски
2.Методи Скендерски
3.Марко Чамовски
На учениците од прво одделение им се доделени пригодни награди.
Категорија ученици од 2 и 3 одделение, на 100 метри:
*девојчиња
1.Ивона Арнаутовска
2.Ангела Полизовска
3.Моника Стаменковска
*момчиња
1.Јаков Костевски
2.Алекс Самарџиски
3.Борче Дончовски
Категорија ученици 4 и 5 одделение, на 150 метри:
*девојчиња
1.Марија Крстовска
2.Лора Коколанска
3.Јана Трнковска
*момчиња
1.Павле Ќосевски
2.Анер Сулиманов
3.Васил Аврамски
Категорија ученици 6 и 7 одделение, на 150 метри:
*девојчиња
1.Невенка Стојчевска
2.Андреа Боболинска
3.Лазара Коколанска
*момчиња
1.Марио Парцански
2.Андреј Чукарски
3.Бојан Карбински
Категорија ученици 8 и 9 одделение , на 200 метри:
*девојчиња
1.Елена Лапевска
2.Ане Џамбаска
3.Катерина Сачкарска
*момчиња
1.Драган Буровски
2.Давид Марковски
3.Борче Јакимовски
Категорија ученици од средно образование, на 300 и 400 метри:
*девојчиња
1.Ана Поповска
2.Јана Тодоровска
3.Бисера Брашнарска
*момчиња
1.Марио Сивевски
2.Христијан Рунтевски
3.Матео Лаковски
На учениците од 2 одделение до 4-та година средно образование, ќе им бидат исплатени парични награди:
1 награда-2000 денари
2 награда-1500 денари и
3 награда- 1000 денари
Во рамките на Европската недела на имунизација, на учесниците, кои освоија прво, второ и трето место, од страна на Здравствен дом Берово, им беа поделени маички.
Благодарност до сите, кои придонесоа за успешна реализација на трката.
Посебна благодарност до наставниците и професорите по Физичко и здравствено образование, до Здравствен дом Берово, до ТППЕ Берово и МВР Берово, кои дадоа свој несебичен ангажман, за реализација на трката.
Промовирањето на спортот, како основа за подобрување на физичкото и менталното здравје во училиштата, ги нагласува придобивките, кои играат суштинска улога во промовирање на здрав и активен начин на живот.
Горе