Продолжуваат средбите со граѓани за креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година

Градоначалникот Пекевски, деновиве е постојано на терен, на улиците во населените места и во Берово, од каде што го слуша гласот на граѓаните, нивните идеи и потреби, кои по уредното процесирање, ќе бидат дел од Буџетот на Општина Берово за 2022 година.

Притоа граѓаните истакнуваат приоритети од различна природа, од кои дел се веднаш решливи, за дел треба да се спрема техничка или друг тип документација а дел ќе бидат вметнати во програмите и Буџетот на Општина Берово за 2022 година.

Во меѓувреме на општинската веб страна www.berovo.gov.mk , во тек е on line форум, преку кој граѓаните можат да дадат свој предлог, за поубаво Берово, и дирекно да учествуваат во креирањето на Буџетот на Општина Берово за 2022 година.

Како што истакна градоначалникот Пекевски, средбите со граѓаните се многу корисни, затоа што така се слуша нивнит глас и нивните потреби, а унапредувањето на услугите на локално ниво и воведување на on line услуги е исто така важно, особено во време на пандемија. Општина Берово и понатаму ќе продолжи да ги унапредува услугите на локално ниво и да работи за подобрување на животот на граѓаните, со нивно партиципативно учество во сите процеси.

Горе