Продолжува реконструкцијата на водоснабдителна мрежа во с. Владимирово, – втора фаза, со средства обезбедени преку Програма за управување со водите за 2022 година, од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Водоснабдителната мрежа, се реконструира по сите современи стандарди и ќе обезбеди соодветен проток и притисок на мрежата, до крајните корисници.
Проектoт е дел од техничкото решение за реконструкција на водоводната мрежа во с. Владимирово, од Програмата за води во 2021 година, кога успешно беше финансиран крак 1.
Со реконструкцијата на Крак 2, од водоснабдителниот систем во с. Владимирово, се заокружува поголема целина водоводна мрежа, во должина од околу 1037,76 метри, со што во следната фаза, ќе се овозможи и поврзување на останатите помали краци, предвидени со проектот за с. Владимирово.
Водоводот во с. Владимирово е изграден 60 –тите години на минатиот век и неговата реконструкција, често е истакнувана како приоритет на средбите со граѓани.
За втората фаза од реконструкцијата на водоводната мрежа во с. Владимирово , обезбедени се околу 2.700.000,00 денари, од Министерството за животна средина и просторно планирање.