8000 денари субвенционирање на млади лица за возачки испит од Б категорија

Младите лица, кои се жители на Општина Берово и редовни ученици во III и IV година, во ОСУ ,,Ацо Русковски “ од Берово, ќе бидат субвенционирани, со 8.000,00 денари, од Буџетот на Општина Берово, за полагање на возачки испит Б категорија.

Мерката е дел од програмата за социјална заштита на Општина Берово, која едногласно беше изгласана од страна на сите советници, на денешната 19-та седница на Советот на Општина Берово и има за цел да помогне на родителите во услови на економска и енергетска криза, во семејниот буџет, но и да се создаде еднаква можност на сите кои имаат желба, да полагаат возачки испит.

Исто така оваа мерка е и дел од мерките за млади, кои ги нуди општина Берово .

Истата ќе  се применува од 01.01.2023 година, по поднесено барање од страна на заинтересираните корисници, согласно правилник,кој ќе биде донесен на некоја од наредните седници на Совет на Општина Берово.

За оваа мерка, во Буџетот на општина Берово, за 2023 година, ќе бидат предвидени 600.000,00 денари.

Горе