Пригодна свеченост по повод Денот на Ромите

Во Бизнис инкубаторот во Берово, се одржа пригодна свеченост, во чест на 8-ми април, Денот на Ромите.

Пред започнување на свечената церемонија, во општинската зграда, Градоначалникот на Општина Берово, заедно со преставници ромската заедница , го поставиви ромското знаме.

По интонирањето на македонската и ромската химна, Градоначалникот Пекевски,  ја отвори свечената церемонија , а за значењето на денот, беше прочитан краток историјат.

Тој им  го честита Денот на Ромите и им посака здравје, среќа, соживот и толеранција и многу успех, а притоа се  осврати  на локалните проекти и инвестиции,  на кој работи Општина Берово, а преку кои, се подобрува   квалитетот на живеење, на граѓаните од ромската заедница.

Како локална власт, секогаш се вклучуваме во надминувањето на проблемите и предрасудите, со кои се соочуваат граѓаните од ромската заедница, а така ќе продолжиме и во иднина.

Свој настап имаа децата од детската градинка и училиштата во Берово, а на најдобрите ученици Роми од основното и средното образование, им  доделив парични награди.

Притоа парична награда, за најдобар ученик Ром,  од основното училиште доби Али Голиќ, а од средното училиште, Шефрие Сулимановска. Од Буџетот на Општина Берово, ќе им бидат исплатени по 6.000,00 денари.

Продолжуваме и понатаму зеднички и сплотени напред,  кон постигнување на нашите цели за инклузивно општество, во кое, секој од нас, има безбеден дом,  мирен и достоинствен живот.

Горе