Прифатена апликацијата на ООУ ,,Никола Петров Русински” за санација на ѕидови и плафон

Во рамките на активностите на Општина Берово, за подобрување на условите за учење на учениците, прифатена е апликацијата на општина Берово за  санација на ѕидови и плафон во  ООУ ,,Никола Петров Русински” .

Проектот ќе се финансира во рамките на повикот за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти, на општински основни и средни училишта под надлежност на општините и на Градот Скопје , со средства од Буџетот на Министерството за образование и наука.

Истиот опфаќа, санација на пукнатини, молирање на ѕидовите, флексибилна облога на таваните, со спуштен плафон, отстранување на мрсна фарба со брусење и глетовање на ѕидовите, набавка и монтажа на лифт и изградба на пристапна патека.

Со ова уште еднаш потврдуваме дека се грижиме за Берово, но и за населените места во општината. Постојано ги подобруваме условите за живот на граѓаните, а образовните објекти мора да се реконструираат и постојано да се унапредува образовниот процес- истакна Пекевски, кој додаде дека една од главните цели, кои ги ветил пред граѓаните, е токму санација на дотраените училишни објекти.

Горе