На настанот ,,Партнерство за поефикасно управување во општините”, Градоначалникот Пекевски ја имаше честа, да го споделели искуството на Општина Берово и придобивките од партнерството со Проектот на УСАИД ,,Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите”.
Истакна дека:
- Клучот на успехот, покрај од максимизирање на приходите по основ на данок на имот, лежи и во финасиската стабилност на општината, пред се деблокирање на сметката на општината а понатаму и правилно менаџирање со приходите и расходите
- Искуството покажа дека приходите по основ на данок, секогаш можат поуспешно да се прибираат
- Исто така еднаквиот даночен третман спрема сите даночни обврзници е многу важно за стекнување на довербата кај граѓаните, без разлика дали се работи за физичко лице или за фирма
Благодарност до УСАИД, што ни даде можност да учествуваме во проектот, преку кој:
- Подигнато е нивото на наплата на даноци, во значителни размери,
- Лицето кое што беше ангажирано на проектот даде голем придонес кон зголемување на даночната основа (репроцена)
- Подигнат е фискалниот капацитет на општината воопшто
- Зголемен е административниот капацитети за управување со општински јавни финансии, планирање и извршување на буџетот, фискална транспарентност и отчетност, планирање и прибирање на приходи од сопствени извори, пристап до надворешно финансирање, и подобра соработка со приватниот сектор.
Директорот на Проектот на USAID North Macedonia, Bardhyl Marku , ги претстави клучните резултати од соработката со партнер-општините. Истакна дека 48 партнер општини ги зголемија приходите од сопствени извори со просечен пораст од 22,32% во 2023 година, надминувајќи го значителниот раст од 10,26% забележан во претходната година. Дополнително, 14 општини кои изразија интерес, добија помош за ажурирање на базата на податоци за данок на имот, што резултираше во просечно зголемување од 20,5% на наплатата на данокот на имот. Овие резултати значително допринесоа за просечниот пораст од 45% на приходите од сопствени извори во истиот период.
Како резултат на успешната соработка во рамките на проектот, на Општина Берово и беше доделено признание.