Денеска, во Берово, се презентирани резултатите од проект ,,Волонтери преку граница”, кој што, Општина Берово, го реализира во партнерство со Здружение на граѓани ,,Заедно за Сандански”.
Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевкси и неговиот колега од општина Струмјани, Емил Илиев, задоволни од реализацијата на проектот, ги искажаа своите впечатоци од реализацијата на проектот, преку кои, се надеваат ќе бидеме подготвени во решавање на прашања, поврзани со заштитата на природните богатства и биодиверзитетот и одржливо ќе ги користиме природните ресурси, силно посветувајќи се на заштитата на животната средина.
Резултатите од проектот се: ограничување на штетите од природни катасрофи, заштита на населението и животната средина, во прекуграничниот регион и зголемен капацитет на волонтери и млади од прекуграничниот регион, за справување со природни катастрофи, одржливо прекугранично партнерство на полето на превенција, справување и спасување од елементарни непогоди.
Главна цел на проектот е да се зголеми капацитетот на општините во пограничниот регион, да реагираат и да се прилагодат на климатските промени и да ги спречат и ублажат ефектите од природните и вештечките катастрофи, преку создавање заедничко партнерство во регионот, во непредвидени ситуации.
Со набавка на специјализираната опрема, во рамките на проектот, која има модули за справување со поплави, пожари и снег, партнерите ги зголемја своите капацитети, за послесно справување во случај на природни катастрофи и полесно надминување на последиците од истите. Исто така зголемени се капацитетите за заштита на животот и здравјето на населението од општините Берово, Сандански, Струмјани и Кресна.
Обуките за волонтери, се исто така значајни во зголемувањето на волонтерските капацитети за спречување и управување и надминување на природните катастрофи.
Намалувањети на ризикот од катастрофи е од клучно значење за одржливиот развој на регионот.
На волонтерите, кои успешно ги завршија обуките, во рамките на денешниот настан, им беа доделени сертификати.
Потребно е обединување на напорите на сите одговорни институции- јавни и приватни, како и активно вклучување на локалните заедници во активностите за намалување на ризикот од катастрофи, кои се очекува значително да ги намалат човечките, социјалните, економските и природните штети.
Како што истакна проект координаторот, Наташа Каламадевска, придобивките од овој проект се големи, капацитетите за справување со природни катастрофи се унапредени, во големи размери и да бидеме подготвени, но, да се надеваме дека што помалку ќе имаме потреба да ги користиме.
Вкупната вредност на проектот е 397.457,46 евра.