Преку јавни работи до почисто Берово

Во рамките на Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд, усвоен од Владата на РСМ, во Берово,  ангажирани се  дополнителни 15 лица, во проектот ,,За почисто Берово”.

Проектот го спроведува Општина Берово, во соработка со Агенција за вработуваање на Република Северна Македонија, а активноста е во согласнос со Програмата за Социјална заштита за 2021 година.

Проектот вклучува уредување на тревни површини и паркови на територијата на Општина Берово, чистење на речното корито на река Брегалница и каналите во Општина Берово, чистење на централното градско подрачје, средување на диви депонии, уредување на велосипедско пешачка патека на Кеј на река Брегалница и Беровско Езеро, одржување на јавни површини и урбана опрема во градот и населените места.

Во рамките на проектот ангажарани се вкупно 35 невработени лица, социјално ранливи категории со ниски квалификации, кои за работниот ангажман, добиваат надомест од 400,00 денари дневно, за 4 часовен ангажман.

Горе