Потпишан договорот за реконструкција на 8 куќи во рамкте на проект ,,Штип и Берово заедно за подобрување на условите на ромската заедница”

Во рамкте на проект ,,Штип и Берово заедно за подобрување на условите на ромската заедница”, чија главна цел е унапредување во домувањето, образованието и економските можности за Ромите кои живеат во сиромаштија, преку подобрување на нивните услови за домување и пристап до социјални услуги, денеска е потпишан договорот за реконструкција на дел од предвидените куќи, односно реконструкција на 8 куќи на ромски семејства.

Куќите ќе ги реконструира фирмата Влашки градба ДООЕЛ , а за надзор над градбата е изберен економскиот оператор  Ефтимов дооел од Радовиш.

Преку заеднички проект општините Берово и Штип, во соработка со  Здружение за одджлив развој- Зелен Институт од Скопје,заеднички  работат на подобрување на  условите за живот на ромската заедница, кој финансиски е поддржан од Европска Унија, преку Делегација на ЕУ во Скопје, во согласност со акциската програма за инклузија – ИПА 2 од 2019 година.

Во рамките на  проектот за Берово, предвидени се следниве активности, од кои дел се завршени :

Донесување на ДУП и ГУП во износ од 15 хектари во ромската населба;

Легализација на бесправно изградени куќи во сопственост на ромски семејства (25 кои имаат поднесено барање и 15 кои немаат поднесено барање за легализација);

Рехабилитација и реконструкција на вкупно 15 куќи на ромски смејества кои живеат во несоодветни и штетни услови;

Подобрување на инфраструктурата во ромската населба: Реконструкција на 250 м фекална канализација, поплочување на мали улици во износ од 70 до 100 м, приклучување на вода на 7 семејства кои не се приклучени, приклучување на струја на 5 семејства кои немаат пристап до електрична енергија, обезбедување на 7 контејнери и 120 индивидуални канти за отпад кои ќе бидат поделени во ромската населба

Притоа, за подобрување на условите за домување на ромската заедница во општина Берово, ќе бидат инвестирани околу  173.000,00 евра.

Горе