Градоначалникот на општина Берово , Звонко Пекевски, го потпиша договорот со Биро за регионален развој, за финансирање на проекти за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за проектот ,,Подобрување на можноста за развој на спортско рекреативниот и езерскиот туризам во источно планскиот регион- Беровско езеро”.
Проектот ќе се реализира преку Бирото за регионален развој, преку повикот за финансирање на проекти, за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2021 година, по одделните мерки и актиности за рамномерен регионален развој.
Проектот ќе обезбеди осветлување на дел од регионален пат, ул.,,2” и ул.,,3” во должина од 1718 метри, во туристичката населба ,,Беровско езеро”, со енергетски ефикасни, лед светилки, на канделабри со висина од 9 метри, на регионалниот пат.
Целта на проектот е зголемување на туристичката понуда, со изградба и проширување на инфраструктурата во туристичка населба ,,Беровско езеро”, создавање на услови за поинтензивен развој и подобрување на квалитеот на живот на граѓаните и услугите на посетителите, односно туристите.
За реализацијата на овој проект, преку Бирото за регионален развој, обезбедени се вкупно 4.000.000,00 денари.