Потпишан договор за финансирање на пингпонгарски клуб ,,Зегин”

Денеска, градоначалникот Пекевски и претседателот на ППК ,,Зегин” , Јован Ковачовски, потпишаа договор, за финансирање од 100.000,00 денари за клубот, за подготовка, тренинзи  во новата сезона и развој на клубот.

10 членови од ППК ,,Зегин” , во периодот од 7 до 9 јули ќе учествуваат на меѓународен турнир во Грција. Сите  членови ќе го посетат кампот во Берово, каде што членовите ќе имаат подготовки и тренинзи со тренери од земјата и странство. 20 членови, во периодот од 7 до 13 август, ќе заминат на подготовки во Србија.

Градоначалникот Пекевски им посака  многу успех во подготовките и успешна сезона на сите пинпонгари, со напомена дека Берово и нашиот беровски пингпонгарски клуб „Зегин“ кој е најбрзорастечки клуб во Македонија, веќе го зазема приматот на град на пинг-понгот.

Благодарност за поддршката до Општина Берово,  градоначалникот и генералниот спонзор ,,ЗЕГИН”,  упати претседателот на ППК ,,Зегин” , Јован Ковачовски, кој додаде дека само со взаемна поддршка од сите, заеднички се придонесува за успехот на младите пингпонгари и афирмација на општина Берово во државни и меѓународни рамки.

Горе