Градоначалникот Пекевски, по повод интернационалниот ден на стари лица ги посети корисниците, во ОЈУСЗСЛ д-р. Иван Влашки .
Посакувајќи им добро здравје и меѓусебно разбирање и убаво поминати денови, во установата и подарувајќи им пригодни подароци, им го честита денот и им посака долг и среќен живот, и убаво поминати денови.
Истакна дека Општина Берово, го дава максимумот за подобрување на условите за живот на старите лица во установата, како од социјален и здравствен така и од културно забавен аспект и исто така постојано работи и на зголемување на капацитетите, при што во тек е изградба на четврта ламела, која ќе понуди нови 28 легла за корисници.
Помошта и поддршката во трето доба ,е најмногу потребна. На старите луѓе им е потребно внимание, првенствено да почувствуваат дека не се заборавени и дека ја имаат потребната грижа и да ги препознаат своите способности, кои можат да ги искорисат низ пренесување искуство и знаење на помладите генерации.
Нека им е честит денот на старите лица, да им дадеме , доволно љубов, почит и грижа, да се почувствуваат корисно и вредно во општеството и да учиме од нив, дека малите работи, го прават животот совршен.