,,Пакомак”, донира 8 контејнери за собирање и складирање на отпадна пластика за Берово

Фирмата ,,Пакомак” од Скопје, повторно  е сериозен партнер на општина Берово, кога станува збор за собирање и складирање на отпад, при што донира 8  контејнери, кои се наменети за собирање и складирање на отпадна пластика.

Контејнерите ќе бидат поставени на фреквентни локации на јавно- прометни површини и истите ќе придонесат во засилување на системот за собирање на отпад во Берово, кој може да биде реупотребен и рециклиран.

Полека но сигурно продолжуваме со  воспоставување на систем за селектирање на комуналниот отпад во општината, при што во иднина треба да направиме селекција и на преостанатиот отпад, зошто само така ќе придонесеме кон чиста и здрава животна средина, за сите нас.

Селектирањето на отпадот и грижата за животната средина во која сите заедно живееме, почнува од секој од нас. Никој друг не може да го земе пластичното шише од вашиот дом и да го фрли во контејнерот за селекција, освен вие самите, а вашиот избор не е само ваш, туку и избор за тоа како ќе живеат вашите деца, порачуваат од „Пакомак“ од каде упатуваат совети за правилно селектирање отпад.

Горе