Ги покануваме жителите да учествуваат на проектен форум кој се спроведува од општина Берово.
На форумските сесии присутните преку своето учество ќе имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Берово за тековната 2023, но и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната 2024 година. Воедно присутните ќе имаат можност да предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни програми и проекти од буџетот за подобар развој на општината.
Првата форумска сесија ќе се одржи на 02 ноември 2023 година (четврток) со почеток во 12:00 часот во просториите на Големата Сала на општина Берово во Берово.
Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе биде од особено значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и ќе даде голем придонес за креирање на буџетот на општина Берово, за 2024 година.
Општина Берово
Градоначалник Звонко Пекевски