Ги покануваме жителите на Општина Берово, да учествуваат на проектен форум кој се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), а спроведуван од УНДП (UNDP) и Општина Берово.
На форумските сесии присутните преку своето учество даваа предлози и учествуваа во подготовка на предлог проекти од интерес на жителите на општина Берово. Низ форумскиот процес се изработија и се избраа проекти со кои се аплицираше за нивна реализација во рамки на вкупен фонд од 50.000 швајцарски франци.
Петтата форумска сесија ќе се одржи на ден 09.07.2021 година (петок) со почеток во 11:30 часот во просториите на „Бизнис инкубатор”, во Берово.
На петтата форумска сесија учесниците на форумот, ќе имаат можност да се запознаат со постигнатите резултати и реализацијата на проектот кои тие го избраа за најприоритетен за реализација од проектниот фонд од 50.000 швајцарски франци обезбедени од страна на Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC) – Швајцарска амбасада, но и да добијат информација за реализација на останатите проекти и препораки упатени од форумот
Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите, ќе даде голем придонес и ќе биде од особено значење за успешно спроведување на проектниот форум и изборот на проект/и, предложени и подржани од жителите на општина Берово.
Општина Берово
Градоначалник Звонко Пекевски