Отворен саемот на традиционални производи “Малешевијата на дланка“ 2022

Изложени на неколку тезги, денеска, имаме можност да ги видиме и вкусиме традиционалните локални производи, ракотворби и сувенири, изготвени од вредните раце на врвни мајстори.
Со цел подобро да се промовира и да се доближи до потрошувачите, кои знаат да ги ценат и почитуваат традиционалните изработки, но и еколошки здравата храна во Општина Берово, во рамките на ЕТНО Плоштад фестивалот, како нераскинлив дел се одржува и саемот “Малешевијата на дланка“.
Саемот е можност да се запознае малешевската традиција, но и да се вкусат надалеку прочуените малешевски специјалитети.
Покрај промоцијата на своите производи, малешевските индивидуални производители и фирми, имаа можност да поделат флаери и проспекти, со информации за нивната дејност и палета од најразновидни производи.
На локалните производители и ракотворци им посакуваме успешна промоција на нивните производи и сувенири и да создатат трајни врски , кои во иднина ќе им обезбедат подобар пласман на нивните производи и подобрување на семејниот буџет.
Горе