ОСУ„Ацо Русковски“ го одбележа патрониот празник

Во ОСУ„Ацо Русковски“ во Берово, денеска се честуваше ликот и делото на патронот Ацо Русковски, кој го носи и името на општинскот средно училиште во Берово. Воедно во Берово денеска се одбележуваат и  69 години,  од започнувањето на средно образование во Малешевијата.

Патрониот празник на ОСУ „Ацо Русковски“ Берово, беше одбележан со свечена програма и полагање на цвеќе, пред бистата на на младиот херој, Ацо Русковски, во дворот на училиштето.

Свое обраќање, пред присутните, имаше директорот на ОСУ „Ацо Русковски“, Сашко Корчовски, кој ги поздрави гостите и сите присутни и истакна дека вработените во училиштето и понатаму ќе даваат се од себе, со цел учениците да постигнуваат поголеми успеси.

Во краткиот рецитал подготвен од учениците во училиштето и нивните ментори, имавме можност да слушнеме за биографијата на патронот Ацо Русковски.

Горе