ОСУ ,,Ацо Русковски”ги презентираше образвоните профили пред деветоодделенците

Во рамки на отворениот инфо ден во средното училиште ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово, вчера,  беше организирана промоција на гимназиското и стручното образование, каде деветоодделенците од Општина Берово и Општина Пехчево имаа можност, преку поставените едукативни штандови, да се запознаат со образовните профили што ги нуди училиштето од стручното образование како и соодветните подрачја од гимназиското образование.

На промоцијата свое обраќање пред учениците и родителите имаше директорот на училиштето Сашко Корчовски кој истакна дека тимот на професори од гимназијата се секогаш тука за да помогнат на идните средношколци во решавање на нивните дилеми и одлуки за да се запишат токму во гимназијата Ацо Русковски, каде понудата на квалитетно образвование ќе им биде водилка низ понатамошното нивно школување.

Учениците пак во гимназијата, им ги претставија струките кои ги нуди беровското средно училиште на идните средношколци и ги запознаа со предизвиците и предметите, како и можностите кои ги очекуваат во идното нивно школување.

 

Оваа учебна година учениците коишто ќе се запишат во гимназиско образование ќе можат да изберат помеѓу општествено – хуманистичко подрачје, комбинација А и Б и природно – математичко подрачје, комбинација А и Б. Од стручното образование понудена е 1 паралелка од угостителско – туристичката струка, со два профили од четиригодишното образование, хотелско – ресторански техничар и угостителски техничар, како и 2 дуални паралелки, една во текстилно – кожарската струка, профил техничар за изработка на облека и другата во шумарско – дрвопреработувачката струка, профил техничар за изработка на мебел и ентериер.

Сите ученици, кои ќе се запишаат во прва година во ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово, од Буџетот на општина Берово за 2022 година, на почетокот на учебната година, ќе добијат по 5.000,00 денари.

Со поддршка од Општина Берово, ОСУ ,,Ацо Русковски” се прилагодува на потребите на пазарот на труд, преку воведување на нови струки и практикување на дуалното образование, во кое учениците ќе бидат стипендирани од Министерството за образование и наука.

Горе