Општинската администрација спроведе ЕКО акција по повод Денот на животната средина 5 јуни

Триесетна административци од Општина Берово, денеска спроведоа успешна еколошка акција, на повеќе локации низ градот и населените места, во пресрет на 5 јуни-Светскиот ден на животната средина.
Кон акцијата се приклучија сите општински институции, чистејќи ги јавните површини околу општинските објекти.
Соберени се големи количини комунален и кабаст отпад.
Акцијата за жал покажа дека ниското ниво на еколошка свест кај граѓаните, сеуште создава грди и тажни слики.
Општина Берово апелира до граѓаните, да се однесуваат со достојна почит, кон животната средина и заедниците во кои живеат и да бидат пример за идните генерации.
Горе