Во пресрет на пролетта, Општина Берово, во соработка со ЈПКР ,,Услуга” , започна со кастрење на дрвјата на јавни површини.
Притоа, со кастрење на дрвјата е започнато на пофреквентните улици, а во престојниот период ќе се продолжи, секаде каде што е потребно.
Со кастрењето на непотребната вегетација, се овозможува непречено одвивање на сообраќајот, прегледност во вечерните часови и непречено снабдување со електрична енергија.