Согласно анализата на Здружението за истражувања и анализи (ЗМАИ), Општина Берово, годинава е во првите 8 општини, во Република Северна Македонија, со задоволително ниво на отвореност на општините и со 61.7 индексни поени.
Во групата општини со задоволително ниво отвореност спаѓаат општините: Битола – 77.8, Валандово – 75.1, Крива Паланка – 75.0, Делчево – 70.6, Центар – 66.2, Струмица – 65.6, Богданци – 65.6 и Берово – 61.7.
Инаку, акцентот на процесите на локалниот буџет во анализата е претставен преку три области:
1.Транспарентност
- Вклучување и правичност
3.Отчетност
Здружението за истражувања и анализи (ЗМАИ) веќе трета година ја мери транспарентноста, отчетноста, вклученоста и правичноста на општинските буџети преку Индексот за отворени општини (ИОО).
Резултатите и од оваа анализа, покажуваат дека Општина Берово постојано работи отчетно и транспарентно, во служба на граѓаните.
Продолжуваме и во наредниот период да го унапредуваме системот на интегритет.
Целиот извештај можете да го прочитате на следниот ЛИНК.