ОПШТИНА БЕРОВО Е ДЕЛ ОД ИПА ПРОЕКТОТ„ВОЛОНТЕРИ ПРЕКУ ГРАНИЦАТА“

Делегација на општина Берово присуствуваше на прес конференцијата од ИПА проектот „Волонтери  преку границата“ кој Општина Берово го реализира во партнерство со здружението „Заедно за Сандански“ од Благоевград, Р.Бугарија.

На прес конференцијата која се одржа во градот Сандански, градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски истакна дека целта на проектот е превенција од шумски пожари и поплави во двата погранични региони.

-Во проектот освен Берово, се вклучени и општините Сандански, Кресна и Струмјани од Благоевградскиот регион, во кој разговараме за превенција од шумски пожари за кои изминатото лето видовме дека и тоа како е важно обезбедувањето соодветна опрема во справувањето со кризи. Во таа насока Општина Берово како носечка општина во проектот ќе добие возило за заштита од шумски пожари, со модул во зимски услови да служи за чистење на снег, со цел да обезбедиме непречено движење во градот во зимски услови, рече Пекевски.

За набавка на ова возило, како што додаде, досега општината има уплатено 40 проценти од потребните средства.

-Во моментот течат постапките за негова набавка и очекувам некаде кон летото, истото да биде испорачано за потребите на Општина Берово и веќе да биде ставено на располагање во период кога теренот е најпогоден од пожари, што се покажа со минатогодишните пожари, кои го погодија Пијанечко-малешевскиот регион, додаде Пекевски.

Младен Тимчев, полномошно лице на здружението „ Заедно за Сандански“ од Општина Благоевград, истакна дека двете страни се убедени дека проектите кои се реализираат од двете страни на границата дека се важни и за двете општини, а со истиот ќе бидат опфатени околу 55.000 граѓани и територија од 1000 квадратни километри.

 

-Дејностите од проектот конкретно кај нас се насочени кон елиминирање на опасностите од пожари и поплави на територијата на трите општини од Благоевградскиот регион, Сандански, Кресна и Струмјани и самите работи за реализација на проектот имаат за цел подобрување на капацитетите на доброволците од трите општини. Апсолутно сум убеден дека тоа ќе даде сигурност на граѓаните во случај на елементарна непогода, рече Тимчев.

 

Во рамки на проектот за 10 лица од Берово, предвидена е обука за 10 лица за справување со кризни ситуации, со што според надлежните ќе се придонесе во зголемувањето на капацитетите на Територијалната противпожарна единица во Берово. Вкупната вредност на проектот е 397 илјади евра, а истиот ќе се спроведува до месец јуни годинава.

Проект CB006.2.12.117 “Волонтери преку граница”. Проектот е ко-финансиран од ЕУ преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија – Северна Македонија Програма 2014-2020, CCI 2014TC16I5CB006. Оваа публикација е издадена со асистенција на Европската Унија преку Интеррег ИПА Прекугранична соработка Бугарија -Северна Mакедонија, Програма 2014-2020,- CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на оваа публикација е во целосна одговорност на Општина Берово и во никој случај не ги одразува ставовите на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.

Горе