Општина Берово дел од проектот„Инклузија на деца Роми, во јавните општински установи – детски градинки“

Денеска, во Клубот на пратеници во Скопје, градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински,   заедно со директорката на Детската градинка ,,23 Август” од Берово, Мелиха Кујунџиќ, го потпишаа трипартитниот договор за соработка, со Министерстото за социјална политика, демографија и млади,  во рамки  за проектот „Инклузија на деца Роми, во јавните општински установи – детски градинки“, со што се обезбедува бесплатно предучилишно образование за децата Роми, во социјален ризик.

Овој проект, долги години,  создава еднакви можности за децата Роми на возраст од 3 до 6 години, обезбедувајќи им бесплатен пристап до предучилишно образование, поддршка во социјализацијата и поголема вклученост во образовниот процес.

Раното детско образование има клучно влијание врз развојот на секое дете и носи долгорочни позитивни ефекти за целото општество.

Вложувањето во образованието на децата Роми, не е само обврска, туку инвестиција во еднаквост, иднина и побрза интеграција на Ромската заедница во нашето општество.

Проектот е признат од Ромскиот Образовен Фонд ,како еден од најуспешните, а Европската комисија го истакнува како позитивен пример за унапредување на образованието кај Ромската заедница.

Горе