Општина Берово блесна во новогодишно руво

Општина Берово,  започна со реализација на проектот за новогодишно украсување на градот. Согласно програмата, во пред новогодишно руво, со светлечки украси се китат централното градско подрачје и главната улица на влезот во Берово.

Светлечки украси се поставени на градскиот плоштад, како и на улица: „Маршал Тито”, а годинава за прв пат, градскиот плоштад го кити, тунел, со метална конструкција и светлечки броеви, кои ја дополнуваат новогодишната атмосфера.

За прв пат е украсен и  влезот во Берово,  од кружниот тек до Агенција за вработување, каде што се инсталирани светилки.

Целосното украсување треба да заврши во наредните неколку денови, по што Берово, како туристичка дестинација,  за дочекот на новата 2021 година, ќе блесне со сиот свој сјај.

Сметаме дека во услови на пандемија од КОВИД 19, украсувањето на градот, ќе донесе позитивен бран за сите, а особено за најмалите-истакна Пекевски, додавајќи дека изминатите години не се трошени средства за украсување, а оваа година бидејќи беа откажани голем број на културни настани, се предвидени средства во Буџетот на општината за украсување на градот.

Горе