Одржана работилница за одржлив развој

Во организација на Здружението на граѓани  „Еко Зелено Движење“ од Берово, вчера,  во Берово се одржа едукативна работилница, за одржлив развој, со посебен акцент на руралниот развој, како концепт во рамките на милениумските цели и алатки за мерење на исполнувањето на целите за одржлив развој.

На работилницата присуствуваа преставници од секторот за образование, невладини организации, јавни институции и други.

Во одлична работна атмосфера, со голем интерес и фокусирано внимание, присутните граѓани,  ја проследија работилницата, која трааеше 4 активни часа, по што се отвори и динамична дискусија, во која граѓаните  доста активно и посветено учествуаа.

Работилницата е финансиски поддршана од страна на Општина Берово, како дел од активностите, преку повикот за невладини организации .

Горе