Одржана конститутивната седница на Советот на Општина Берово

Одржана конститутивната седница на Советот на Општина Берово

 

Денеска, во дворот на детската градинка ,,23 Август” во Берово,  беше одржана конститутивната седница на Советот на Општина Берово, воедно и прва седница на новоизбраните советници.

Седницата ја отвори и со неа раководеше претседателот на претходниот Совет, Јован Матеничарски. На седницата беше присутен и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.

Дневниот ред имаше 5 точки:

  1. Решение за избор на претседател и членови на Верификациона комисија на Советот на Општина Берово,
  2. Одлука за верификација на мандатите на членовите на советот на Општина Берово;
  3. Давање на свечена изјава;
  4. Предлог одлука за избор на претседател на Совет;
  5. Предлог решение за определување претставници од членовите на Советот на Општина Берово во постапката за склучување на бракови.

 

 

Откако верификационата комисија ја изврши верификацијата на советниците, мандатот на избраните 15 советници беше верификуван и одлуката за нивната верификација беше едногласно усвоена.

За претседател на Советот на Општина Берово,  со мнозинство гласови,  е избран Стево Суџуковиќ.

Градоначалникот Пекевски,  од негово лично име и од име на општинската администрација, им го честита мандатот на новоизбраните советници, посакувајќи им успешна и плодна работа, во интерес на граѓаните на Општина Берово.

Како најстар член, помеѓу советниците, Советникот Владо Методиев, исто така посака успешна соработка и заеднички да бидат поддржани голем број на проекти за Берово.

Успешна работа на новоизбраниот Совет на Општина Берово, му посака и претседателот  на Совет на Општина Берово од претходниот состав, Јован Матеничарски.

Благодарност за довербата да биде претседател на Советот на Општина Берово, изрази и  советникот Стево Суџуковиќ, кој истакна дека следните четири години, очекува успешна соработка, заедничка поддршка и реализација на многу проекти за Берово.

НОВИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА БЕРОВО НЕКА  ДОНЕСЕ РЕАЛИЗАЦИЈА НА МНОГУ УСПЕШНИ ПРОЕКТИ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ!

Горе