Одржан состанок за превенција и заштита на шумите и населението од пожари

Денеска  во просториите  на општина Берово, советодавна група на граѓани,  одржа состанок на тема – Превенција и заштита на шумите и населението од пожари.

Состанокот е свикан по иницијатива на одделението за превенција при ОВР Берово, со цел да се организирааат сите инволвирани страни во заедничка акција за успешно справување , превенција и заштита на шумите и населението од пожари.

На состанокот присуствуваа членовите на Советодавна група на граѓани – Берово,  претставници од ТППЕ Берово, ДЗС Берово, ЦУК Берово, Гранична полција, Општинскиот противпожарен сојуз Берово, ЈП Национални шуми Малешево Берово и Равна река Пехчево.

Од средбата произлегоа конкретни активности и предлози, при што во текот на следната недела ќе се формира мешовита патроала,  од повеќе институции,  која ќе подели флаери на лицата кои ќе се затекната во шума на неколку локации, а изготвен е и оперативен план за заштита од шумски пожари.

Во следниот период на територијата на општината ќе се организира и регионалана вежба, за брз одговор. Од сите претставници на институцииите беше истакната потребата од координација и подобрување на состојбата, со нова и современа опрема, која се очекува да биде доделена во најкраток период.

Средбата беше оценета како навремена и многу корисна од сите учесници.

Горе