Одржан состанок со лицата кои ќе бидат ангажирани во проект ,,Возврати со љубов, грижа и почит”

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска, одржа состанок со лицата кои ќе бидат ангажирани во проект ,,Возврати со љубов, грижа и почит”.

Во проектот ќе бидат ангажирани 23 лица, од кои 1 проектен координатор, 1 асистент на проектниот координатор, 1 возач и 20 даватели на услугата, кои ќе се грижат за вкупно 60 лица на територијата на Општина Берово.

На состанокот , на сите присутни, тој им посака добро здравје и успешна работа во престојниот период, добра соработка со сите инволвирани страни, како би можеле да имаме успешен проект.

Како што истакна тој, потребно е сите да дадат максимум во грижата на старите лица, крајните корисници да бидат задоволни, како проектот би се покажал како успешен и соработката понатаму да продолжи.

Проектниот координатор Биљана Марковска, иврши кратка презентација на проектот и воспоставувањето на услугата, а од страна на директорот на ОЈУСЗСЛ,,др. Иван Влашки” , беше истакнато за обуката за нега и грижа на стари лица,  која што ангажираните даватели на услуга, треба да ја проследат, престојните 2 месеци.

Состанокот беше завршен со консултации за почеток на обуките, а на присутните им беше поделен Правилник за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги помош и нега во домот.

Горе