Одобрени средства за финансирање на проект „Реконструкција на водоснабдителна мрежа во с. Владимирово, Општина Берово“ фаза 2

Со средства обезбедени преку Програма за управување со водите за 2022 година, од Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Берово ќе ја продолжи Реконструкција на водоснабдителна мрежа во с. Владимирово,  – втора фаза.

Проектoт е дел од техничкото решение за реконструкција на водоводната мрежа во с. Владимирово,  од Програмата за води во 2021 година, кога успешно беше финансиран крак 1.

Со реконструкцијата на  Крак 2, од водоснабдителниот систем во с. Владимирово,  ќе се заокружи поголема целина водоводна мрежа, во должина од  околу 1038 метри, со што во следната фаза ќе се овозможи и поврзување на останатите помали краци, предвидени со проектот за с. Владимирово.

Водоснабдителната мрежа ќе биде реконструирана  по сите современи стандарди и ќе обезбеди соодветен проток и притисок на мрежата, до крајните корисници.

Водоводот во с. Владимирово е изграден 60 –тите години на минатиот век и неговата реконструкција,  често е истакнувана  како приоритет на средбите со граѓани.

За втората фаза од реконструкцијата на водоводната мрежа во с. Владимирово , обезбедени се околу 2.700.000,00 денари,  од Министерството за животна средина  и просторно планирање.

Горе