Врз основа на објавениот јавен повик на Влада на РСМ, за изразување на интерес од страна на општините, за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА- Инфраструктурни проекти во општините, на Министерството за локална самоуправа , согласно измените и дополнувањата на Буџетот на РСМ, за Општина Берово, доделени се средства за реализација на капитални проекти од областа на животна средина, за слединве проекти:
-Изградба на отворен канал за атмосферска вода на ул. ,,23 Август” -3.574.760,00 денари
– Реконструкција на дел од корито на отворен канал во с. Будинарци – 5.421.722,00 денари.
Вкупно доделени средства за Општина Берово, по објавениот повик, се 29.397.000,00 денари, од кои дел се инфраструктурни проекти од областа на транспортот а дел се за изградба на инфраструктура за заштита на животната средина. Во вкупната проекција, Општина Берово, ќе учествува со кофинансирање од 2.795.029,00 денари.
Ваквата поддршка е од огромно значење за подобрување на инфраструктурата во Берово и населените места и ќе има силно влијание за заштита на имотите на граѓаните на Општина Берово , што ќе допринесе за почиста и поздрава животна средина.