Во спортската сала „Македонски Бранители“, во Берово, синоќа, се одржа второто коло од Работничките спортски игри 2026 – турнир во мал фудбал.
Резултати од второ коло:
- Фагус и Национални Шуми Пехчево – Приватни Фирми и Угостители 0:3
Екипата на Приватни фирми и Угостители во второто коло делуваше сигурно и со ефикасна игра успеа да го совлада Фагус и Национални Шуми Пехчево 0:3. - Образование – Труд и Социјала 9:5
Образование ја обезбеди највисоката победа ова коло со победа од 9:5. - АРМ – Општина Берово и Здраствен дом 3:1
Во интересен натпревар, АРМ славеа со победа од 3:1. - МВР – Роми 3:4 , највозбудливиот натпревар во второто коло каде Ромите беа поуспешни со 3:4.
Второто коло донесе борбен дух, фер-плеј и голема поддршка од публиката, најавувајќи возбудлива сезона во рамки на РСИ 2026.
Четврток(26.02.2026) на програмата – Трето последно коло по групи
Натпреварите од третото коло ќе се одиграат четврток со следниот распоред:
- 🕡 18:30 ч. – Општина Берово и Здраствен дом – Фагус и Национални шуми
- 🕖 19:00 ч. – МВР-Труд и Социјала
- 🕢 19:30 ч. – Приватни фирми и Угостители – АРМ
- 🕗 20:00 ч. – Образование – Роми
Организаторите ги покануваат сите љубители на спортот да присуствуваат и да ги поддржат своите фаворити во продолжението од Работничките спортски игри во Берово.


