Врз основа на член 4, 42, 46, 47, 48, 49 и член 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15,190/16, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 275/19 и 122/21), Одлука за продажба на движни ствари бр.09-4527/1 од 24.11.2023 година донесена од Советот на Општина Берово, Извештај за процена на транспортни средства бр.230 од 03.10.2023 година изработен од Друштво за производство, промет и услуги АБЦ – Бротхер ДООЕЛ Скопје, Комисијата за спроведување на постапка за продажба и давање во закуп на недвижни ствари, постапка за продажба на движни ствари во сопственост на Општина Берово објавува:
ОПШТИНА БЕРОВО
ОБЈАВА бр.1/2024
за продажба на движни ствари сопственост на Општина Берово по пат на електронско јавно наддавање
(Прва Објава)
- ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на оваа објава со електронско јавно наддавање е продажба на движни ствари – моторни возила – автобуси сопственост на Општина Берово, кои се продаваат согласно Одлука за продажба на движни ствари бр.09-4527/1 од 24.11.2023 година донесена од Советот на Општина Берово.
- ПОДАТОЦИ ЗА ПАТНИЧКИТЕ МОТОРНИ ВОЗИЛА КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРОДАЖБА, ПОЧЕТНАТА ЦЕНА НА ВОЗИЛАТА, БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА, МИНИМАЛЕН ЧЕКОР, ВРЕМЕ НА ПОЧЕТОК НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ
Податоци за возилото | Проценета почетна цена | Банкарска гаранција | Минимален чекор | Час / почеток | |
1. | Моторно возило автобус марка IKARIUS
– Регистарски ознака: SK 445 CK; – Година на производство: 1986; – Вид на возило: AVTOBUS; – Марка: IKARIUS – Тип: V039 (IK 115 B) ZPG; – Број на шасијата: V0390086/0569; – Број на мотор: D2356HM6U-101687/791 – Места за седење: 25 – Сила и работна зафатнина на моторот: 162KW(KS)/10690 cm3; – Боја: 74 CRVENA/45 KREM.
|
80.000,00 денари | 1.600,00 денари | Без ограничување | 10:00 часот |
2. | Моторно возило автобус марка FAP
– Регистарски ознака: SK 572-BJ; – Година на производство: 1982; – Вид на возило: AVTOBUS; – Марка: FAP; – Тип: SANOS 115.2 – Број на шасијата: 11864; – Број на мотор: 076309; – Места за седење: 32 – Сила и работна зафатнина на моторот: 210KW(KS)/0 cm3; – Боја: 74. CRVENA |
80.000,00 денари | 1.600,00 денари | Без ограничување | 10.30 часот |
Почетната цена на движната ствар е проценетата вредност на истата наведена во табеларниот приказ за секое моторно возило.
Цената за продажба на движните ствари е утврдена согласно Извештај за процена на транспортни средства бр.230 од 03.10.2023 година изработен од Друштво за производство, промет и услуги АБЦ – Бротхер ДООЕЛ Скопје.
- ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои согласно закон ги исполнуваат условите дадени во објавата.
Заинтересираните лица можат да учествуваат за продажба на еден или повеќе движни ствари, со поднесување на Пријава за учество поединечно за секоја табела.
Увид на движните ствари – возила кои се предмет на елктронското јавно наддавање заинтересираните субјекти ќе може да извршат секој работен ден во рокот од точка 6 од огласот, во периодот од 08.00 до 14.00 часот или на телефон 033/471-057.
- УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Заинтересираните правни и физички лица поднесуваат Пријава за учество на јавно наддавање.
Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски, преку информативниот систем за јавно наддавање www.e-stvari.mk и треба да ги содржи податоците и доказите кои се утврдени во објавата за електронско јавно наддавање и тоа:
- Пријава за учество
- Изјава со која што ги прифаќаат условите што се дадени во објавата (заверена кај нотар).
- Изјава за давање согласност за користење и обработка на личните податоци на понудувачот и одговорното лице на понудувачот (заверена кај нотар).
- Банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од проценетата вредност на движната ствар за која се поднесува пријава за учество на јавното наддавање. Покрај електронски, банкарската гаранција за сериозност треба задолжително да се достави и во оригинал до Комисијата за спроведување на постапка за продажба и давање во закуп на недвижни ствари, постапка за продажба на движни ствари во сопственост на Општина Берово, ул.Димитар Влахов бр.10, 2330 Берово во рокот определен за поднесување на пријава. Работно време на Архивата е секој работен ден (од понеделник до петок) од 07:30 часот до 15:30 часот.
Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена оригинална форма и во рокот определен за поднесување на пријава на наведената адреса ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена, односно понудувачот нема да учествува на електронското јавно наддавање.
- Доказ за идентитет
- за физички лица–копија од лична карта или патна исправа
- за домашни правни лица-тековна состојба од Централен регистар на РМ не постар од 6 месеци од денот утврден како краен рок за поднесување на пријавите за учество.
- уредно полномошно за полномошникот што го претставува правното лице.
- за странски правни лица– доказ за регистрација од соодветниот регистар на земјата каде се регистрирани, не постар од 6 месеци од денот утврден како краен рок за поднесување на пријавите за учество.
- Е-маил адреса на поднесувачот на пријавата, преку која што ќе се врши постапката на регистрирање за учество во јавното електронско наддавање на која што ќе им биде испратено корисничкото име и шифрата за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање.
- НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИ И УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени јавни наддавања спроведени преку овој систем, за него се уште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, доделена заради негово учество во претходните постапки и тоа на ниво на целиот систем (се мисли на учество во постапка која ја спроведува било која Општина).
За учество во електронското јавно наддавање заинтересираните учесници електронски поднесуваат Пријава, која треба да ги содржи сите податоци и докази утврдени во Објавата за електронско јавно наддавање. За да може да поднесе Пријава за учество со бараните докази за исполнување на условите од објавата, секое правно и физичко лице ја поднесуваат електронски преку системот www.e-stvari.mк скенирани во оригинална форма (препорачливо во pdf формат), освен банкарската гаранција за сериозност на понудата која освен електронски задолжително се доставува и оригинал во писмена форма.
Комисијата, по приемот на пријавите, утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетни согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.
Пријавите кои нема да бидат комплетни со горенаведените докази нема да учествуваат во наддавањето, за што ќе бидат известени по електронски пат.
- РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ И ВРЕМЕ НА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ:
Оваа објава трае 12 (дванаесет) календарски денови и почнува да тече од денот на објавување и тоа од 25.01.2024 година и ќе трае заклучно со 05.02.2024 година до 10:00 часот.
Комисијата за спроведување на постапка за продажба и давање во закуп на недвижни ствари, постапка за продажба на движни ствари во сопственост на Општина Берово, постапка за продажба на движни ствари во сопственост на Општина Берово, определува рок за поднесување на пријави кој не е пократок од 10 календарски дена ниту подолг од 30 календарски дена, сметајќи од денот на објавувањето на објавата до денот на поднесувањето на пријавите и тоа:
Крајниот рок за поднесување на пријави за учество на електронското јавно наддавање е заклучно со 05.02.2024 година до 10:00 часот. Јавното електронско наддавање ќе се одржи на следната интернет страница www.e-stvari.mk
Јавното електронско наддавање ќе започне на ден 08.02.2024 година (четврток), со почеток во:
10:00 часот за табеларниот преглед бр. 1 и ќе трае 30 минути
10:30 часот за табеларниот преглед бр. 2 и ќе трае 30 минути
Пријавите за учество на електронското jавно наддавање со комплетната документација согласно условите од оваа објава се доставуваат во електронска форма најдоцна до 05.02.2024 година до 10:00 часот на интернет страницата www.e-stvari.mк.
Понудувачите се лично одговорни за уредно и навремено поднесување на пријавите до крајниот рок за поднесување на пријави. Секоја пријава која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на пријави ќе се смета како задоцнета и ќе биде одбиена, односно нема да биде предмет на понатамошно разгледување и понудувачот нема да може да учествува во постапката.
Пријавите се поднесувааат во електронска форма на следната интернет страница www.e-stvari.mk.
Јавното електронско наддавање ќе се одржи на следната интернет страна www.e-stvari.mk.
7.БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДАТА
Банкарска гаранција за сериозност на понудата е во висина од 2% од вкупната проценета вредност на движната ствар. Покрај електронската достава на банкарската гаранција, во скенирана копија на оригиналот, во PDF формат, подносителот на понудата/пријавата за учество е должен до крајниот рок за поднесување на понуди/пријави, банкарската гаранција за сериозност на понудата да ја достави и во писмена форма и во оригинал преку пошта или со лично доставување на адресата на Општина Берово. ул. Димитар Влахов бр. 10, 2330 Берово до Комисијата за спроведување на постапка за продажба и давање во закуп на недвижни ствари, постапка за продажба на движни ствари во сопственост на Општина Берово при Општина Берово.
Банкарската гаранција за сериозност на понудата ќе се наплати доколку:
– избраниот најповолен понудувач во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор не ја уплати понудената последна цена на електронското јавно наддавање,
-избраниот најповолен понудувач нема да го склучи договорот за продажба.
Во случај на наплата на банкарската гаранција понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните движни ствари.
Секоја пријава/понуда што не содржи гаранција за сериозност на понудата или содржи гаранција за сериозност на понудата која не е во согласност со условите во објавата, ќе биде отфрлена и нема да учествува на електронското јавно наддавање.
Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.
8.ПОСТАПКА
Постапката за електронско јавно наддавање ја спроведува Комисијата за спроведување на постапка за продажба и давање во закуп на недвижни ствари, постапка за продажба на движни ствари во сопственост на Општина Берово при Општина Берово. Подносителите кои доставиле комплетни пријави за учество на јавното наддавање, на денот на спроведувањето на јавното наддавање, се регистрираат на интернет страницата наведена во објавата со корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање по што имаат право на учество на јавното наддавање. Јавното наддавање ќе се одржи доколку учесниците ги исполнуваат условите дадени во објавата. Јавното наддавање ќе се одржи, доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена.
Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на движната ствар и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на движната ствар. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.
Јавното наддавање продолжува неограничено сé додека во временски интервал од две минути има нова понуда.
Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на движната ствар се намалува за 2 % по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на движната ствар без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда.
Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на движната ствар повторно се намалува за 2 % од првичната проценета вредност.
Намалувањето на вредноста на движната ствар во текот на наддавањето може да биде најмногу до 30 % од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.
За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена на движната ствар.
Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.
Учесниците имаат право на Приговор само по однос на постапката за јавно наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение, во рок од пет дена од приемот на приговорот.
Против решението донесено од Комисијата со кое се одлучува по поднесен приговор може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
9.ОБВРСКА НА НАЈПОВОЛНИОТ ПОНУДУВАЧ
За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој што понудил последна цена на движната ствар која што претставува највисока цена за движната ствар.
Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од приемот на писменото известување за избор е должен да ги уплати средствата на трезорска сметка бр. 100000000063095, Банка на примачот НБРМ, уплатна сметка 840-102-06553, приходна шифра 723914, во согласност со постигната крајна цена на движната ствар. Доколку не ги уплати во овој рок, нема да пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана и понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно наддавање за предметните недвижни ствари.
По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од петнаесет работни дена по извршената на уплата на цената на движните ствари, се склучува договор за продажба во писмена форма, кој договор, во рок од 30 дена се доставува кај Нотар заради вршење на солемнизација.
На договорот за продажба соодветно ќе се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи.
Обврската за трошоци за солемнизација на Договорот паѓа на товар на купувачот.
Оваа објава ќе биде објавена на web страната на Општина Берово, односно www.berovo.gov.mk
Целиот оглас заедно со пријавите и прилозите, можете да го превземете ТУКА.
Општина Берово
Комисија за спроведување на постапка за продажба и давање во закуп на недвижни
ствари, постапка за продажба на движни ствари во сопственост на Општина Берово
Претседател,
- Коста Бугариновски
Членови,
- Лилјана Двојаковска
- Наташа Каламадевска