Апел за одговорно сопственишто на кучињата

Бездомните кучиња се горлив проблем со кој општината секојдневно се соочува. И покрај мерките за заловување кои континуирано се спроведуваат од оператор избран на јавен повик, а за кои се издвојуваат средства од општинскиот буџет, состојбата со бездомните кучиња е алармантна.

Популацијата на бездомни кучиња претставува ризик за појава на болести и агресивно однесување кон луѓето и другите животни.

Најголем причинител на бездомните животни е човекот, а неодговорното сопствеништво, е причинител број еден, за постоење на бездомните кучиња на улица.

Испуштените од контрола и несоодветно чувани кучиња, се оние кои се недоволно социјализирани и оние кои најчесто напаѓаат.

Потребна е поголема свест на граѓаните, за тоа што значи да се чува куче, како домашен миленик, бидејќи само преку одговорно сопствеништво, може да се реши проблемот, со зголемениот број кучиња, по нашите улици.

Затоа апелираме, за ОДГОВОРНО СОПСТВЕНИШТВО – ЗА НАШЕ ДОБРО И ЗА ДОБРО НА ЖИВОТНИТЕ!

Миленикот не е подарок, не е само привилегија, тоа е ОДГОВОРНОСТ и грижа.

 

Согласно член 26, став 2, од законот за заштита и благосостојба на животните :

“Сопствениците не смеат да ги напуштаат своите миленици”

Сопствениците на кучиња се должни, да ги пријават своите кучиња, еднаш годишно,во ветеринарните амбуланти, клиники и болници, кои се овластени за спроведување на ветеринарно здравствена заштита од јавен интерес, во нивното место на постојан престој, со цел да ги регистрираат и идентификуваат, како и да ги исполнат одредбите, во однос на здравствената заштита, согласно со прописите од областа на ветеринарното здравство. Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата.

Ви благодариме што ја разбравте поракта.

Локален совет за превенција на Општина Берово

Горе