НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА КУД „ДИМИТАР БЕРОВСКИ“ – БЕРОВО

Во пресрет на новогодишните празници, Новогодишната прогрма во Берово, ја започнуваме со свечен Новогодишен концерт на КУД „Димитар Беровски“, кој вечерва привлече голем број посетители и љубители на македонскиот фолклор, пред преполниот хол во ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово.

На концертот присуствуваше  градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, кој со своето присуство даде поддршка на културните настани и на заложбите за негување и зачувување на македонската традиција и културно наследство.

Членовите на КУД ,,Димитар Беровски” се претставија со богата и разновидна програма, исполнета со народни ора, песни и кореографии, создавајќи празнична и топла атмосфера за сите присутни.

КУД ,,Димитар Беровски”,  е еден од столбовите на културниот живот во нашата општина. Преку ваквите настани ја негуваме традицијата, го чуваме македонскиот фолклор и им ја пренесуваме љубовта кон културата на младите генерации. Општина Берово и понатаму ќе стои зад ваквите културни иницијативи- истакна градоначалникот Ружински.

Општина Берово продолжува да вложува во културата како важен сегмент од локалниот развој и заедничко празнување на традицијата и заедништвото.

Горе