Ново улично осветлување во село Будинарци

Во рамки на Програмата за улично осветлување на Општина Берово за 2026 година,  се врши обнова на уличното осветлување, во село Будинарци.

Со реализација на оваа активност,  ќе се подобрат условите за безбедно и квалитетно движење на жителите од с. Будинарци и  ќе се зголеми сообраќајната и јавната безбедност, како и квалитетот на живеење,  во ова населеното место.

Новото улично осветлување,  ќе придонесе и за подобра видливост во вечерните часови, како и за унапредување на јавниот простор и подобрување на енергетската ефикасност.

Работиме на подобрување на комуналната инфраструктура во сите населени места, со цел создавање подобри услови за живот и рамномерен локален развој.

Горе