Моника Стајковска, Кристијан Каламадевски и Сара Ризовска, го закитија Берово со пехари на државниот мастерс турнир во пинг понг

Со два златни и еден бронзен медал се закитија пингпонгарите на  ППК ,,Зегин” од Берово, на државниот мастер турнир, кој викендот се одржа во салата ,,Македонски Бранители” во Берово.

Кристијан Каламадевски и Моника Стајковска, успешно се закитија  со златен пехар во категорија до 12 години, а Сара Ризовска го освои бронзениот медал.

Како што истакна тренерот на ППК ,,Зегин” од Берово, Јован Ковачовски, овој успех е за прв пат во две конкуренции да се освои злато и бронза, што претставува  годрост и награда за напорната работа , за клубот.

Денес сум најсреќен а посебно сум горд на играчите на ППК ,,Зегин” од Берово, кои веруваа во себе и клубот  и освоивме две први и едно трето место. Работата и тренинзите кои секојдневно ги одржуваме дадоа резултати. Конкуренцијата беше голема , но на крајот нашите пингпонгари ги заслужија пехарите.Заблагодарувајќи се на сите кои придонесоа за успешна реализација на настанот, а посебно на главниот спонзор Зегин , Ковачовски додаде дека верува дека во скоро време  пинг понгот во Берово ќе стане главен спорт.

Берово е најсериозен и најдобар организатор на турнирите во пинг понг и сериозен кандидат за освојување на медали,  рече селекторот на Пингпонгарската федерација, додавајќи дека традиционално почетокот на сезоната на турнири, почнува токму од Берово.

Инаку викендот што помина,  во Берово,  околу 15 екипи, од цела држава,  се натпреваруваа во првиот мастерс турнир во пинг пон.

Следната недела на 19 и 20 февруари,Берово повторно ќе биде домаќин на вториот мастерс турнир во пинг понг, каде ќе се натпреваруваат пинг-понгари во У-12 и У-15 конкуренција.

Горе