Министерката Царовска на панел дискусија во Берово ,,Учи паметно, работи стручно”

Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска во Берово имаше продуктивна консултативна средба со претставници од локални компании, општините и средните стручни училишта од Берово, Пехчево, Делчево и Македонска Каменица.
Средбата е дел од процесот „Учи паметно, работи стручно”, чија основна цел е да се идентификува потребата од отворање на одредени профили и паралеки, во средните стручни училишта, во градовите, низ државата, од идната година, кои ќе одговараат на потребите на пазарот на труд.
Работилницата ја отвори беровскиот градоначалник, како домаќин, кој го посочи интересот за угостителско туристичката струка во Берово, додавајќи дека соработка е остварена и во текстилно кожарската и во дрвно преработувачката струка.
Како што истакна Министерката за образование и наука, Мила Царовска, овие средби се организираат со цел да се воспостави успешна реформа во училиштата, да се врати довербата и компаниите да ги отворат вратите на училиштата, каде што учениците ќе можат практично да учат. Понатаму како што додаде таа, ќе се формираат дуални паралелки, кои треба да покажат продуктивност. За моделот да биде успешен, најави стипендирање за технички струки, со што учениците ќе бидат мотивирани да се запишуваат на истите.
Градоначалниците на Македонска Каменица, Делчево и Пехчево ги итакнаа состојбите на локално ниво, ставајќи акцент и поздравувајќи ја идејата на МОН за овој концепт, кој ги вклучува сите инволвирани страни, кој на долг рок, би требало да даде видни резултати и унапредување на процесот на стручно образование.
На самата средба, се отвори дискусија и имаше можност да се слушне, со какви проблеми, се соочуваат компаниите, какви се реалните потреби на пазарот на труд и кои стручни профили им се потребни.
Во периодот што следи, директорите на средните училишта, ќе имаат задача, врз основа на денешната средба, во рок од 5 до 7 денови, да поднесат барање до МОН, кои профили ќе ги верифицираат.
Пораката од денешната регионална средба со Министерката Царовска е јасна: ,,Заеднички градиме успешни генерации” , што ако секој поединечно го сфати и придонесе во заедницата, бенефит ќе имаат локалните заедници, стопанството и секако целата држава.
Горе