Малешевските ѕвончиња пдо 11 ти пат во Берово

Распеани и весели деца, низ силна желба, го покажаа својот талент, на 11тото издание на фестивалот на детски песни ,,Малешевско ѕвонче” во Берово, со што направија прекрасна шарена гледка, па публиката можеше целосно да ужива, во чистите детски звуци.
На единаесетото издание на фестивалот ,,Малешевско ѕвонче”, настапија: Антонија Цветковска, Ивана Пиличовска, Никифор Поповски, Илина Буровска, Миа Пашалиска, Димитар Парасков, Ева Ромовска, Михаела Ромовска, Јована Каламадевска, Тамара Станковска, Миа Марковски и Бојана Јовевска.
Ѕвончињата ни испеаа за школското ѕвонче, волшебните зборови на мајката, екологијата, рок енд рол , ушлето , мојата наставничка, љубов да те наречам, белото зајче, пролетта, мојата другарка верна, букетот за мама и пехчево град славен и ја разубавија сцената на Етно плоштад фестивалот.
На сцената покрај учесниците, продефилираа уште 30-тина учесници –хористи,играорци и музичари.
Организатор на фестивалот, повеќе од десет години, е Студиото ,,Модерато” преку уметничкиот директор Дарко Димитриевски, кои во соработка со Општина Берово, продолжува да создава детски песнички и да ги открива новите таленти во Берово.
Вистинско шаренило и прекрасна детска слика беше завршниот дел од фестивалот и заедничката изведба на химната на фестивалот ,,Еј лична Малешевијо”.
На фестивалот ,,Малешевски ѕвонче”, досега продефилирале повеќе од 700 ѕвончиња, пеачи, хористи, играорци и танчери.
Навистина прекрасен беше почетокот на првата фестивалска вечер од ЕТНО плоштад фестивалот во Берово.
Горе