Општествено одговорна компанија Лајкамобајл Скопје, во соработка со Прва детска амбасада во светот ,,Меѓаши” , донираа 108 мобилни интернет припејд картици, за поддршка на онлајн наставата во Општина Берово.
Овие картици се доделени на двете основни и средното училиште во Берово, со цел учениците кои немаат пристап, или имаат послаба конекција, да добијат соодветни услови, за да можат непречено да ја следат наставата.
Од картичките 23 се доделени на ООУ,,Никола Петров Русински”, 41 на ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” и 44 на ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово.
Се надеваме дека овие картички ќе го олеснат процесот на организација на наставата, онаму каде што досега имаше одредени прекини од различни причини и секое дете ќе има можност непречено да биде вклучено во образовниот процес, кој што заради пандемијата од КОВИД 19, оваа година се одвива под посебни околности- истакна Градоначалникот Пекевски, заблагодарувајќи се за примената донација на донаторот и на организаторот.