Во рамките на активностите на Општина Берово, од областа на културата, на 2 мај 2025 година, (петок), со почеток во 19:30 часот, во салата на Бизнис инкубатор во Берово, ќе се одржи „Концерт на Цветанка Созовска – чембало“.
Целта на проектот, е збогатување на културниот живот во Берово и можност да се запознаеме со еден поинаков вид музика, интерпретирана од страна на Цветанка Созовска на инструментот чембало.
Чембалото, како музички инструмент има прилично интересен и динамичен звук. Оваа алатка е структурно сосема различно од клавикорд, како што секој дрвен клуч тоа е во прилог на низа.
Нашата уметничка Цветанка Созовска, дипломирала пијано, во класата на проф. Борис Романов во родното Скопје, по што специјализира чембало во Холандија, дипломира и магистрира на Кралскиот конзерваториум во Хаг.
Во проектот, исто така е предвидено реализација на настан, концерт и активности од страна на уметничката Цветанка Созовска во соработка со општина Берово и основните и средното училиште, кои се однесуваат на презентација и запознавање на учениците со инструментот чембало.
Музиката како универзален јазик се изведува од нашите најдобри уметници кои се воедно и најголеми светски македонски амбасадори на македонското и традиционалното.
Културната понуда на градот повторно ќе го привлече вниманието на публиката од регионот и пошироко.
Повелете сите заеднички, да го проследиме „Концерт на Цветанка Созовска – чембало“-2 мај (петок) – Бизнис инкубатор Берово.
Проектот финансиски е поддржан од Министерството за култура и туризам.