Денеска, во свечена и достоинствена атмосфера, се одржа конститутивната седница на новоизбраниот Совет на Општина Берово.
На седницата присуствуваа градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, избраните советници и претставници на општинската администрација.
Со оваа седница, официјално беа верификувани советничките мандати и започнува новиот мандат на Советот на Општина Берово, како највисоко претставничко тело на граѓаните на Општина Берово. Советниците дадоа свечена изјава, со која ја презедоа одговорноста за работа во интерес на граѓаните и развојот на општината.
На првата седница беше потврден составот на Советот, а за претсетател на Советот на Општина Берово, кој ќе го координира идното работење на ова тело, беше избран Владко Шахпаски.
Општина Берово им посакува успешна и продуктивна работа на сите советници, во насока на унапредување на локалниот развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
