КАРНЕВАЛ ,,Ратевски бамбурци” с. Ратево 20 Јануари- св. Јован

Длабоко во пазувите на Малешевските Планини, во срцето на Малешево, чука духот на традицијата, чука духот на предците…

КАРНЕВАЛ ,,Ратевски бамбурци”  е отсликување на традиција, која е стара 600 години и за која маските се подготвуваат во текот на цела година.

Со страшни маски против злите души, со црни прсти против страшни болести, со силен екoт против лошотиите, се’ на се’ за подобро утре, за поздрава и поплодна година.

Некогаш и денес…

Иста слика, стари и млади со и без маски, зурли и тапани, сите собрани на едно место…..

Тука, во Ратево, живее митот за фолклорот, за битот на едно минато време. Тука се раскажува легендата и како солза во око се чува и негува обредното оро на ратевскиот Бамбурец.

И кога екот од ѕвонците ќе стивне, а страшните маски со животински елементи ќе се симнат, Ратево веќе ја испишало новата приказна во културолошкиот календар на настани, кои ги спојуваат традицијата, фолклорот и совремното живеење на човекот.

Почувствувајте го идиличното, идеалното и креативно спојување на паганскиот обред со современиот танц на маските.

Горе