Кандидатите за градоначалници на Берово потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалници на Општина Берово, на претстојните локални избори, денеска во седиштето на Општинската изборна комисија,  во просториите на Општина Берово,  потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.

Учесниците во изборите за градоначалници, закажани за 17 октомври, го потпишуваат Кодексот врз основа на член 8-в од Изборниот законик.

Со овој Кодекс учесниците на локалните избори се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани,  дека ќе се придржуваат и активно ќе го промовираат Кодексот за фер и демократски избори  и дека ќе ги почитуваат сите важечки закони, правила и прописи, кои се релевантни за изборите и ќе го почитуваат владеењето на правото,  при организирањето и спроведувањето на изборите.

Како што истакна претседателот на  Општинската изборна комисија  во Берово, Славчо Страторски, ОИК Берово има потврдено четири кандидатури за градоначалник на општина Берово и тоа:

Со реден број 7 – Елеонора Рашковска- предложена од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ,  со реден број 12- Звонко Пекевски – предложен од коалицијата предводена од СДСМ, со реден број 17- Горанчо Костевски- предложен од политичката партија РОДИНА МАКЕДОНИЈА, со реден број 20- Горан Алачки- предложен од политичката партија ИНТЕГРА-МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА  како и четири кандидатски листи за советници и тоа:

Со реден број 2- Движење ,,Одлучно за промени”-ЛДП и ДОМ, со реден број 7- ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈА ,,ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА, со реден број 12- Коалиција ,,НАЈДОБРОТО  ЗА МОЈАТА ОПШТИНА” предводена од СДСМ и со реден број 20-ИНТЕГРА МАКЕДОНСКА КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА.

Горе