ЈАВЕН ПОВИК за учество на Работнички спортски игри 2026 – мал фудбал

Со цел систематско унапредување на спортската култура, поттикнување на активен и здрав начин на живот, како и зајакнување на меѓуинституционалната соработка на локално ниво, Општина Берово ги организира „Работничките спортски игри 2026“ во дисциплината мал фудбал.

Настанот ќе се реализира во периодот февруари – март 2026 година.

Општина Берово, во својство на домаќин и организатор, ги поканува сите заинтересирани јавни институции и правни субјекти кои имаат интерес да земат учество, да се пријават за учество на Работничките спортски игри.

Првиот организациски состанок ќе се одржи на 09.02.2026 година (понеделник), со почеток во 14:00 часот, во Салата за Совет на Општина Берово.

Се повикува секоја заинтересирана екипа да присуствува, со по еден свој претставник, со цел запознавање со правилата и прописите за Работничките спортски игри 2026.

На турнирот е дозволено учество исклучиво на лица кои се жители на Општините Берово и Пехчево.

Рокот за пријавување е до 16.02.2026 година (понеделник), до 14:00 часот.

Планираниот почеток на турнирот е 19.02.2026 година (четврток), во зависност од временските услови.

Пред започнување на извлекувањето на групите, односно утврдување на распоредот на натпреварите, сите пријавени екипи се должни да достават конечен список со вкупно 12 играчи, кој ќе биде достапен на увид за сите екипи учеснички. Доставениот список ќе важи до завршување на турнирот и не се дозволени никакви измени во истиот.

За најуспешните учесници ќе бидат обезбедени пригодни награди од страна на Општина Берово.

Пријавите за учество се поднесуваат во просториите на Општина Берово.

Лица за контакт од Општина Берово:

Новица Печински тел. 078 568 818

Зоран Нешкевски 071 626 649

Горе