ЈАВЕН ПОВИК ЗА СВИКУВАЊЕ НА СОБИР НА ГРАЃАНИ ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ НА МЕСНА ЗАЕДНИЦИ ВО С.СМОЈМИРОВО

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на РМ” бр.5/2002), а во врска со член 84 од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на РМ” бр.5/2002), Одлуката за распишување избор на членови на Совет на месна заедница на подрачјето на општина Берово Бр.08-3851/1 од 03.11.2022 година и Одлуката за распишување избор на членови на Совет на месна заедница во село Смојмирово Бр.08-3851/2 од 03.11.2022 година, Градоначалникот на Општина Берово објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА

СВИКУВАЊЕ НА СОБИР НА ГРАЃАНИ

ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ

НА МЕСНА ЗАЕДНИЦИ ВО С.СМОЈМИРОВО

  1. Градоначалникот на општина Берово ги поканува жителите на с.Смојмирово, да земат учество на собирот на граѓани за избор на членови на Совет на месна заедница во с.Смојмирово.
  2. Изборот за членови на Совет на меснaта заедница во село Смојмирово ќе се спроведe на ден 11.2022 година (четврток), со почеток во 18:00 часот, во просториите на ООУ “Дедо Иљо Малешевски” Берово во с.Смојмирово.
  3. Постапката за предлагање, утврдување и избор на членови на Советите на месните заедници ќе ја спроведе Комисијата за спроведување на постапка за избор на членови на Советите на месните заедници формирана од страна на Градоначалникот на општина Берово.

 

 

Бр.08-3851/3                                                                             ОПШТИНА БЕРОВО

03.11.2022 година                                                                          Градоначалник

Берово                                                                                           Звонко Пекевски

 

Горе