Јавен повик за пријавување за учество за работнички спортски игри 2023 година

Со  цел спортување, подигање  на спортскиот дух и подобрување на  соработката помеѓу институциите , и правните субјекти на локално ниво, Општина Берово и во 2023 година, организира „Работнички спортски игри“ во мал фудбал .

Настанот ќе се одржи во периодот–февруари – март 2023 год.

Општина Берово, како домаќин и организатор на овие игри , ги поканува сите заинтересирани јавни институции, и правни субјекти, доколку сакаат да земат  учество да се пријават  на работничките спортски игри .

Првиот состанок ќе се одржи на 09.02.2023 год (четврток) со почеток во 14 часот во салата за совет во Општина Берово.

Се покануваат заинтересираните екипи да испратат по еден претставник на состанокот, за запознавање со правилата и прописите за РСИ 2023.

На турнирот е дозволено учество само на жители на Општините Берово и Пехчево.

Пријавувањето  ќе  трае до 23.02.2023 год. ( четврток  )   до 14.00  часот.

Турнирот е планирано да започне на 27.02.2023 год. (понеделник). Во зависност од временските услови.

Пред почетокот на извлекувањето на групите или распоред на натпреварите, сите екипи се должни, да достават точен список на   вкупно 12 играчи,  кој ќе биде на увид на сите екипи учесници.

Овој список ќе биде конечен се до завршување на турнирот и не се дозволени никакви измени во него.

За најдобрите учесници ќе бидат обезбедени пригодни награди, од страна на Општина Берово.

Пријавите може да се поднесат во просториите на Општина Берово.

Лица за контакт од Општина Берово:

Новица Печински тел. 078 568 818

Борче Павлевски тел. 070 601  482

Зоран Нешкевски тел. 071 626 649

Горе