Општина Берово ги повикува граѓаните кои имаат причинета материјална штета од невремето – врнежи од град, кое ја зафати територијата на општината на ден 25.06.2024 година (вторник ) , во Берово, с. Ратево и с. Двориште, да ја пријават штетата, до Комисијата за проценка на штети на Општина Берово.
Барањето за пријавување на штета пополнето со бараните податоци и документи се доставува до Архивата на Општина Берово ул. “Димитар Влахов” бр.10 во Берово.
Во Барањето потребно е да се опише настанатата штета и точната локација која се пријавува.
Покрај Барањето секој барател треба да достави:
* копија од лична карта за користење на потребните лични податоци;
* копија од трансакциска сметка на барателот;
* доказ за основ на користење на земјиштето за насадите (копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на змјоделски стопанства издадено од МЗШВ, копија од имотен лист, копија од договор за закуп).
*изјава за штети; Превземи Изјава за штети -2024
*изјава дека имотот не е осигуран; Превземи Изјава дека имотот не е осигуран 2024
Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 5 дена, односно најдоцна до 05.07.2024 година.
Превземи Пријава за штети 06 2024.
Комисијата во предвид ќе ги земе сите барања кои по овој основ се поднесени до Општина Берово во период од 01.07.2024 до 05.07.2024 година.
Барањата ќе бидат обработени од страна на Комисијата и ќе биде изготвен Првичен Извештај, кој ќе биде проследен до Влада на Република Северна Македонија.
ОПШТИНА БЕРОВО
Комисија за проценка на штети од
елементарни непогоди на Општина Берово