ЈАВЕН ПОВИК
за прибирање предлог- проекти за Буџетот на Општина Берово за 2025 година
Со цел учество на граѓанскиот сектор во креирање на Буџетот на Општина Берово и унапредување и развој на општината според мерка на граѓаните, како и успешна реализација на Програмите за 2025 година, се повикуваат сите здруженија, фондации и други правни лица кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од јавен интерес, да пројават интерес на овој Јавен повик.
Општина Берово ќе поддржи проекти кои се во функција на развој, промоција и афирмација, во следниве дејности:
- Локален економски развој
- Туризам
- Социјална заштита
- Спорт и спортски активности
- Култура
- Млади и младински активизам
- Заштита на животна средина
- Енергетска ефикасност
- Транспарентност и демократија
ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани, Здруженија на граѓани, фондации и други правни лица кои имаат седиште на територијата на општина Берово. Понудените проекти да бидат реализирани на територијата на општина Берово или да бидат наменети за жителите на општина Берово.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Пополнета пријава со детално објаснет предлог проект
Решение за регистрација или тековна состојба не постара од 6 месеци.
Изјава од овластено лице на апликантот, дека по реализација на активноста до општина Берово, ќе достават наративен извештај со фотографии и финансиски извештај, со докази за направените трошоци (копии од фактури, фискални сметки), во спротивно средствата ќе треба да бидат вратени.
КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ
Опис на проект/програма
Да има јасно и добро формулирани цели и резултати од имплементацијата на проектот
Финансиски план (буџет)
КОМИСИЈА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА
Проектите ќе ги евалуира комисија формирана со решение од Градоначалникот на Општина Берово.
НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Пријавувањето на проекти се врши со доставување на пополнета пријава, која е објавена на веб страната на Општина Берово.
Пријавите треба да се достават до Општина Берово, на адреса ул. „Димитар Влахов” бр. 10, 2330 Берово или лично на Архива на општина Берово, најдоцна до 15:30 часот, на 25.11.2024 година.
Ненавремена, нецелосна и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување.
За резултатите од јавниот повик, учесниците ќе бидат писмено известени.
Износот на финансиската поддршка на одобрените проекти за внесување во одредена програма, ќе биде одреден согласно големината и квалитетот на проектот.
Висината на износот со кој финансиски ќе бидат поддржани прифатените проекти, ќе биде одлука на комисијата, согласно извршено бодување и комплексноста на предлог проектот.
Напомена: Доставените апликации, претставуваат основа за креирање на Програмите за 2025 година и планирање на Буџетот на Општина Берово за 2025 година.
Архивски знак бр. 14-3736/1
Берово, 15.11.2025 година
Општина Берово
Градоначалник
Звонко Пекевски