Врз основа на Законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани (Сл. весник на Република Северна Македонијабр.269/23 од 18.12.2023) за остварување на финансиска поддршка на студенти, кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/24 година, Министерството за образование и наука, распишува:
ЈАВЕН ПОВИК
за остварување на финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/24 година
Се повикуваат сите студенти кои ги исполнуваат следните услови да се пријават на јавниот повикза остварување на финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање
1. Кои се државјани на Република Северна Македонија;
2. Кои имаат статус на редовни студенти;
3. Кои се запишанина државните универзитети;
4. Кои живеат надвор од местото на студирање и
I. Начин на пријавување
За добивање на финансиска поддршка кандидатите треба да се пријават електронски, на следниот линк: https://e-uslugi.mon.gov.mk/.
При пријавувањето, кандидатите треба да ги пополнат податоците во пријавата за стекнување на финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање како и изјавата за давање на согласност за обработка на личните податоци на студентот за финансиска поддршка на студенти, кои живеат надвор од местото на студирање.
И да се прикачат следните докази:
1. Потврда за редовен студент на државен универзитет;
2. Уверение за државјанство;
3. Лична карта или друг документ за идентификација;
4. Трансакциска сметка;
5. Доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање.
II. Рок за пријавување
Рокот за пријавување за редовните студенти трае од 18 декември 2023 година до 24 декември 2023 година
III. Останати информации
Стекнување за финансиска поддршка за корисниците, е во висина на месечниот билет за меѓуградски сообраќај од местото на живеење на студентот до местото на студирање, во износ не помал од 600 денари и не поголем од 1.200 денари месечно, за период од седум месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.
Средствата за финансиската поддршка се исплаќаат од Буџетот на Република Северна Македонија за тековната година, како паричен износ на трансакциските сметки на корисникот, на финансиската поддршка.
За студентите кои не се пријавиле или не ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка на претходните повици, Министерството за образование и наука, секој месец објавува повик, најдоцна до петтиот ден во месецот, кој повик трае седум дена од денот на објавувањето.
Министерството за образование и наука, по извршената проверка на податоците и доказите во рок од пет работни дена од денот на пријавувањето на студентот за добивање на финансиска поддршка, ќе утврди статус на прифатено или одбиено барање за финансиска поддршка, во самата апликација.
За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за финансиска поддршка на студенти, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка, преку Секторот за високо образование и тоа на следниот контакт: studenskiprevoz@mon.gov.mk